Празничен концерт со „Viva Strings“

По повод Денот на независноста 8-ми Септември во Центарот за култура “Кочо Рацин“- Кичево гостуваше гудачкиот квартет ВИВА Стрингс од Скопје. 
Програмата на овој концерт беше од популарен карактер, на програмата беа застапени повеќе модерни наслови кои побудија интерес кај публиката. Меѓу другите, беа изведени композиции на Мајкл Џексон (Michael Jackson), Бритни Спиарс (Britney Spears), Јуритмикс (Eurythmics), Роби Вилијамс (Robbie Williams), Квин (Queen) и други.

Претставување на една ваква програма пред кичевската публика претставуваше повеќекратен успех, бидејќи се помага во едукацијата и пројавување интерес кај публиката за други типови на музика освен секојдневно слушаните турбо-фолк и слични музички жанрови.

Поради ситуацијата во која се наоѓа целата држава концертот се одржа според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид19.Концертот се адаптираше да се реализира во надворешни услови-на платото од центарот за култура. Притоа публиката беше ограничена со број на седишта, кои беа поставени на растојание од 2 метри и беше ставено напомена преку доставување на рекламен материјал од страна на учесниците за носење на заштитна маска за време на настанот.  Концертот е дел од Националната програма за култура за 2020 година и е поддржан од Министерството за култура и од НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *