Порака од УНЕСКО по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право

ЗОШТО ДА СЕ ЧИТА ДЕНЕС Е ПОВАЖНО ОД КОГА И ДА БИЛО 23 април 2020

Денес, повеќе од кога и да било, во време кога училиштата се затворени ширум светот и кога луѓето се во изолација, моќта на книгите треба да овозможи да се бориме против осаменоста, да ги засили врските меѓу луѓето и да ги прошири нашите видици, притоа стимулирајќи го нашиот дух и нашата креативност.

            Многу е важно да се најде време за читање, самиот за себе или со децата. Ова е вистински миг да се истакнува читањето, да ги воспитуваме децата како идни читатели, да им ја пренесеме љубовта кон литературата, која ќе трае целиот нивни живот.

            Благодарејќи на читањето и со одбележувањето на Светскиот ден на книгата и на авторското право, 23 април, ние се отвораме кон другите и покрај далечината, ние патуваме со помош на нашата имагинација.

            Од 1 до 23 април УНЕСКО споделува цитати, песни  и пораки за да ја симболизира моќта на книгите и да го поттикне читањето колку што е можно повеќе. Со читањето  и со споделувањето знаења ние создаваме една поврзана заедница способна да се бори со осаменоста.

            Ги повикуваме студентите, наставниците, библиотекарите, читателите од целиот свет како и сите кои се вклучени во ланецот на книгите да посведочат и да ја изразат својата љубов кон читањето. Ние ве поттикнуваме да  споделувате информации за вашите омилени книги и да ја препраќате оваа позитивна порака во вашето опкружување #WorldBookDay and  #StayAtHome.

            Од нашата страница можете да ги спуштите пораките, да ги отпечатите, да ги залепите на ѕидовите, да ги споделувате по социјалните мрежи или да ги објавите на вашата интернет-страница, тоа може многу да помогне!

Колку повеќе луѓе ќе нè слушнат, толку повеќе ќе може да им се помогне.

https://en.unesco.org/commemorations/worldbookday

Пораките ги преведовме и на македонски јазик:

Книгите се како авион, воз, пат. Тие се насока, патување. Тие се голема градба.

Ана Кванделен

Читањето е едно од големите задоволства што самотијата може да си го дозволи.

Харолд Блум

Соба без книги е како тело без душа.      Цицерон

Читањето служи  за да не остане никој странец.

Да се чита значи да се рашират крилјата и да се патува.

Најголемата придобивка од книгите е тоа што тие овозможуваат да патуваш без да направиш ниеден чекор.                     

  Џумпа Лахири

Читај за да не се почувствуваш никогаш сам.

Да се чита за да не остане ниедна култура неоткриена.

Книгите се магични подвижни средства, неспоредливи со што било друго.

Стивен Кинг

Книгите нè поддржуваат да не бидеме сами кога сме осамени и ни попречуваат да не бидеме товар на себеси. Фардо.     Џереми Колиер

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *