
“МИГРАЦИИТЕ ВО КИЧЕВСКО И БРОДСКО 1912-58 г.” Тема која не обедини сите нас на едно место и тоа : Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Роми, Египќани, Торбеши и сите останати. Тема која 100 тина г. се одложувала за денес да можеме ние овде да дискутираме слободно и да ги слушнеме настаните и случувањата поврзани со Миграцијата на овај наш убав регион. Кичевско – Бродскиот регион е сместен во централниот дел на југо-западна Македонија, препознатлив по географски важната поставеност и историски вредната улога која се одвивала во овој регион во сите негови периоди и времиња. Геостратешката поставеност на Кичевско – Бродскиот регион е од непроценлива вредност и го прави толку многу интересен за сите страни кои имаат некаква врска со овој крај, во сите времиња на военитет настани и турбуленциите на повоените реформски закони на државата и мигративните движења на населението кој се одвивале во целиот период од заминување на Османлиската власт 1912 -1958 година кога овој регион стана актуелен и интересен за многу страни, сакајќи на еден или друг начин да се запознае со причините и последиците, од таквите насилни и доброволни миграциони движења.

