Поезија низ звуците на пијаното

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево на 16.11.2023 година со почеток во 19:00 часот се одржа настанот со наслов „Поезија под звуците на пијаното“.
Под раководство на професорките Леонора Асани и Гезиме Бафтири,учениците на ОСУ „Дрита“ преку својата интерпретација ги пренесоа размислувањата и чувствата на авторите на лирските песни.
Пијанистот Шкелзен Бафтијари, кој со изведените дела преку пијаното ги пренесе чувствата на познатите композитори.
Овој проект беше во рамките на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, финансиран од Министерството за култура.
Видливоста на оваа активност беше на повисоко ниво и посетителите на Кичево беа задоволни од оваа активност.

You may also like...

Напишете коментар