
На 09-10.07.2021 година и покрај неизвесната временска прогноза, на платото пред Националната Установа Центар за Култура “Кочо Рацин” Кичево се одржа традиционалниот Меѓународен Фолклорен Фестивал на народни песни и ора “Д-р Владимир Полежиноски” Кичево.

После една година пауза поради корнавирусот, под покровителство на Министерството за култура на РСМ, a во организација на нашиот Центар за култура“Кочо Рацин” го обележавме 14тиот по ред Меѓународен Фолклорен Фестивал на народни песни и ора “Д-р Владимир Полежиноски” Кичево, на кој на наша покана, гости беа следните:
-АНСАМБЛ „Бајрам Цури“ КОСОВО
-Уметнички Ансамбл “Азиз Ндреу” Албанија
-КУД „ Аќиф Јахја“- Теарце – Тетово
-КУД „Каршиака“ Скопје
-КУД “Бисер“ Кичево
-Куд ,,Таше Милошевски” Ресен
-“Ускана“ Кичево
-Фолклорно студио ,,Етнос” Скопје.


На сите групи -учесници им беше доделена благодарница и скромен поклон.
Овој настан, како еден од поголемите во градот Кичево, беше добро изрекламиран, со цел ширење на информацијата до сите кои го сакаат фолклорот и имаа можност да проследат два дена по два часа богата и разновидна програма со ора и песни.

Програмата и двата дена беше проследена од многубројната кичевска публика, според сите протоколи за заштита од корона вирусот, а свој придонес имаа и членовите на Црвен Крст – Кичево во спроведување на истите.
Оваа година за сценографијата се погрижија Десанка Глигоријевиќ, Сихана Јакупи и Кртистијан Младеновски и како што може да се забележи од приложените фотографии, со сите пропратни ефекти сцената беше осмислена до најситен детал што придонесуваше до појак впечаток на целокупниот изглед на концертoт.
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.904941247094352
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.904961250425685