Изложба „Убавина на срцата“

Изложбата со наслов „Убавина на срцата“ од учениците на ЛулуАрт студио е проект во организација на НУЦК “Кочо Рацин” Кичево и финансиран од Министерство за култура и туризам.Изложбата се одржа на 20 Јуни во фоајето при НУЦК “Кочо Рацин”- Кичево со почеток од 18 часот.

Оваа изложба претставува колекција од уметнички дела изработени со страст од малите раце на ученици од различни возрасти. Секое дело е „срце“ само по себе – уникатен израз на внатрешниот свет на децата, од шарени цртежи, до дела со хартија, бои, рециклирани материјали и креативни декорации. Централната тема е љубовта во нејзините најчисти форми, без разлика дали станува збор за родители, пријатели, природа или дури и домашни миленици. Со оваа изложба посетителите можеа да го видат светот низ очите на децата – со едноставност, чувство и оптимизам. „Убавина на срцата“ не е само уметничка изложба, туку јасна порака: љубовта е најуниверзалниот јазик, а децата се нејзини најдобри амбасадори.

https://fb.me/e/7qSfR7KNQ

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.744899401218412&type=3

You may also like...