Mанифестација „Поетска рацинова вечер“

По повод патрониот празник на Центар за култура „Кочо Рацин“- Кичево на 13 Јуни со почеток од 19 час. се одржа манифестација „ПОЕТСКА РАЦИНОВА ВЕЧЕР“. Проект во организација на НУЦК “Кочо Рацин“- Кичево и поддржан од Министерството за култура и туризам.

Оваа манифестација беше збогатена со повеќе културни настани. Во текот на манифестацијата имаше изложба цртежи од страна на млади уметници, читање поезија од страна на поети,писатели како и ученици од основните и средното училиште,како и музички перформанси (пијано,соло пеење,рок група) од млади изведувачи,воедно имаше рецитал како и мала драма, а учество зедоа и КУД „Рацин“ со две нивни фолклорни изведби.

Со оваа манифестација се оддаде чест на нашиот великан Коста Солев Рацин кој со своите дела остави голем белег на сите генрации. Коста Солев Рацин воедно бил македонски поет и револуционер каде со своето перо секогаш ја претсавувал Македонија и македонскиот народ како храбар, иако патен и угнетуван но никогаш не се потчинувал.

https://fb.me/e/6CZCM55M3

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.742487618126257&type=3

You may also like...