Изложба „Бисери – вториот волумен“ на Арбана Дехари

На 17 Мај во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржиа изложбата „Бисери – вториот волумен“ на Арбана Дехари со почеток од 16 часот.
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам.

Сликарката Арбана Дехари е млада сликарка која со својата уметничка и човечка зрелост, штотуку излегла од учењето за уметноста, за сликарството. 

Арбана Дехари родена на 19.04.1998 година во Тетово. Образованието го завршила во ОУ „Кирили и Методиј“ и во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Дипломира на Државниот универзитет во Тетово „Фадил Сулејмани“, на Факултетот во 2020 година на тема „Портретот на децата како огледало на емоции“, инспирирана од наивноста и искреноста на децата, имајќи примери од познати уметници. Арбана слика портрети и фигури на деца, нагласувајќи го одразот на чувствата и емоциите.
Арбана својата кариера ја круниса со две самостојни изложби, во Дебар и Тетово.
Во 2024 година, Арбана ја одржа својата прва изложба во странство, во културен информативен центар на Република Македонија во Тирана, насловена како „Бисери“ каде што Арбана
презентираше 20 слики, портрети на деца во техниката масло на платно, на брилијантен начин, пред јавноста во албанскиот главен град.
Арбана уште еднаш ја докажа својата љубов кон сликата за децата и емоциите што децата ги покажуваат во одредени околности, нивната наивност, искреност и слобода на изразување на емоциите.
Арбана Дехари и понатаму е страсна за детските фигури, тоа јасно се гледа во нејзиното портфолио и во колективните изложби на кои постојано учествувала. Арбана учествувала на многу колективни
изложби во Тетово, Гостивар, Косово, како и на онлајн изложби во Истанбул – Турција, Индија и Тајланд.

https://fb.me/e/37dJ5pHPk

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.716972060677813&type=3

You may also like...