Category: Ликовна Дејност

Ликовно-музичка работилница „Заедно растеме и учиме“

Ликовно-музичка работилница „Заедно растеме и учиме“

По повод детската недела на 7 Октомври со почеток од 14 часот Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево организираше ликовно – музичка работилница насловена „Заедно растеме и учиме“ со проф. Кристина Цветаноска и проф. Лулзиме Османи.

Continue reading…
0

Изложба „Тело“ на Јана Јакимовска

Изложба „Тело“ на Јана Јакимовска

На 23 септември 2023 во 19 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево се одржа изложбата „Тело“ на уметницата Јана Јакимовска. Изложбата беше со мултимедијален карактер и опфаќа дела од повеќе рецентни периоди од нејзиното творештво. Ова беше 23та самостојна изложба на Јакимовска.

Continue reading…
0

Изложба „Метаморфози на просторноста 4“ – Јован Наумоски

Изложба „Метаморфози на просторноста 4“ – Јован Наумоски

На 24 Јуни во ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 19:00ч. се одржа изложба со наслов „Метаморфози на просторноста 4“ на Јован Наумоски, проект финансиран од Министерство за култура преку годишна програма за финасирање на проекти од национален интерес.

Continue reading…
0

Изложба „Балканот низ времето“ на Коста Галиманоски

Изложба „Балканот низ времето“ на Коста Галиманоски

На 13 Јуни во холот при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 20:30ч. се одржа изложба со наслов „Балканот низ времето“ на автентично изработени средновековни штитови на Коста Галиманоски.

Continue reading…
0

Самостојна изложба од Ендрита Пурелку “ Духовни глупости “

Самостојна изложба од Ендрита Пурелку “ Духовни глупости “

“Пред голем број пријатели, гости и љубители на уметноста во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичeво Ендрита Пурелку ја претстави својата трета самостојна изложба наречена „Духовни глупости“, финансирана од Министерството за култура на Р.С.М. Таа во претставувањето на оваа изложба прво им се заблагодари на сите присутни, на центарот за култура и на Министерството за култура за поддршката во реализацијата на оваа изложба.

Continue reading…
0

Посета на делегација од државниот универзитет од Чанакале

Посета на делегација од државниот универзитет од Чанакале
Центарот за култура „Кочо Рацин“ - Кичево го посети делегацијата на Државниот универзитет во Чанакале „18 Март“, поточно раководството на Факултетот за уметности при овој универзитет, кои имаа можност одблиску да ги видат керамичките дела изработени од учениците од средните училишта од Кичево „Мирко Милески“ и „Дрита“, го посетија и селото Вранештица каде се наоѓа грнчарската работилница на мајстор Слободан Столески, преку оваа посета имаа можност одблиску да ја видат постапката на грнчарско производство. По тој повод од двете страни беа разменети керамички подароци.
Споменатата делегација предводена од деканот проф.д-р. Еврен Карајел Гокаја и нејзиниот тим: доц. проф. д-р. Јешим Зумрут, доц.проф.д-р. Вечихе Озге Зерен, доц.проф.д-р. Берна Илери, д-р Огр. Илкан Деврим Динч, проф.д-р. Ајхан Орал и Зија Арнавутоглу.
0