Концерт 20 години јубилеј на КУД „Рацин“

На 27 Декември со почеток од 19 часот во големата сала на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ Кичево се одржа јубилеен концерт по повод 20 години од постоењето на КУД „Рацин“- Кичево.

Културно уметничкото друштво „Рацин“ при Центар за култура „Кочо Рацин“ Кичево славeше дваесет години јубилеј, години исполнети со игра, песна, музика и искрена љубов кон македонската традиција. Дваесет години во кои низ ова друштво поминаа многу генерации, оставајќи дел од себе во секој чекор, секое оро и секоја песна.

Културно-уметничкото друштво „Рацин“ го сочинуваат две значајни целини:

– Школата за народни танци и ора, и
– Школата за народни инструменти.

Во текот на изминатите две децении, КУД „Рацин“ се изгради како значаен чувар и промотор на македонската народна традиција, преку негување на изворната игра, песна и обичаи. Јубилејниот концерт претставуваше ретроспектива на богатиот фолклорен пат на друштвото, обединувајќи повеќе генерации играорци на една сцена.

Програмата беше збогатена со ора и кореографии од различни краеви на Македонија, изведени во автентични народни носии, што предизвика силни емоции и топол прием од публиката.

На концертот се доделија благодарници до сите поранешни и сегашни членови, кореографи, музичари, раководители, соработници и поддржувачи, кои со својата посветеност придонесоа за развојот и континуитетот на КУД „Рацин“.

Со одбележувањето на овој значаен јубилеј, КУД „Рацин“ продолжува со уште поголема мотивација да ја негува и пренесува македонската фолклорна традиција на идните генерации.

https://fb.me/e/44uPQZgaR

https://www.facebook.com/profile.php?id=100070950774337&sk=photos

You may also like...