
На 18 Октомври во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа изложбата „Кругови“ на Петра Јовановска со почеток од 18 часот.
Авторката презентираше самостоен ликовен проект со наслов„Кругови“. Презентација на околу 30 ликовни дела изработени во комбинирана техника на платно.



Петра Јовановска долг период од своето ликовно творештво го анализира кругот,како еден симболичен геометриски облик. За неа ликовниот израз се темели не само на симбиличното и карактеристичното значење на овој геометриски облик, туку главната намера е кон ликовното делување према синтеза на ликовниот говор и истражувачки пристап на ликовните дела како уметничка креација. Оформена рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура.
Кругот за Петра Јовановска е симбол и воедно и творечка и животна филозофија, круг како една
совршена форма симболизира се кон што она како уметница и како жена тежнее. Симбол на целина, соединување, универзалност, апсолутно.
Круг кој нема крај ниту почеток, кој неограничува, во кругот и вон кругот е се во покрет. Он е на некој начин нула, од која се произлегува и каде се завршува. Кругот поканува на акција, кругот е симбол на временските циклуси, симбол на планети, симбол на фокусираност, перфекција,
револуција и еволуција.
Круг симболизира и мајчина утроба, плод, семе.
Како еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска несконечни. Круговите се често во композиции, користи комбинирани техники, со цел да ја постигне финалната емоција.
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.570698181971869