
Културно Уметничкото Друштво „Рацин“ кое работи во состав на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, на 18.04.2023 година – трет ден од Големиот Христијански празник Велигден со почеток во 19 часот, го одржа Традиционалниот Велигденски концерт, кој воедно е и Годишен концерт на Друштвото.
Оваа година на концертот гостуваа Ансамбл „Кочо Рацин“ Скопје со што ја збогатија нашата програма и заедно со домаќините на многубројната публика и приредија незаборавни моменти на уживање во македонските традиционални песни и ора низ богатата сценографија и духот на празникот.



Концертот беше поделен во три блока, првиот и третиот блок го потполнија домаќините, членовите на КУД „Рацин“ Кичево поделени во три групи: Почетници, Детски ансамбл и Младински ансамбл, оваа година и групата Ветерани, заедно со оркестарот и вокалите во најдобро светло ги претставија ората и песните кои се вежбаа некое време наназад, а во вториот блок се претставија гостите од Скопје, со две песни и две кореографии.
Програмата од концертот течеше по следниот редослед:
1. Собери оро Кадан Тодоро – (Детска група)
2. Дошло Писмо – (Детска група)
3. Врбо, Врбичице – (Почетничка група)
4. Ситна Лиса – (Почетничка група)
5. Црногорка – (Почетничка група)
6. Ѓурѓовден (фрагмент) – (Детска група)
7. Жетварка (фрагмент) – (Младинска група)
8. Јоване Море Јоване – Ангела Богдановска
9. Што ми е мерак полјак да бидам – Кристијан Митревски
10. Седенка – Ансамбл „Кочо Рацин“ – Скопје
11. Источна Македонија – Ансамбл „Кочо Рацин“ – Скопје
12. Седнав да вечерам – Марко Тодороски
13. Сношти го видов убавото Стојне – Марко Тодороско
14. Миланова игра – (Оркестар) – (Во чест на Маестро Милан Завков)
15. Копачија – (Ветеранска група)
16. Ќитуше, Митуше – (Почетничка група)
17. На Мегдан (фрагмент) – (Младинска група)
18. Разигран Танец – (Младинска група)







Како и сите години наназад, така и овој концерт на КУД „Рацин“ Кичево, проект поддржан од Министерството за култура, предизвика позитивни моменти на уживање во фолклорот, ќе биде врежан во историјата на ова друштво, ќе биде добро запаметен и долго ќе се зборува за него.
Кореографи на Куд „Рацин“се Антонио Стојчески и Анастасија Бошковска, раководител на оркестарот е Јован Митрески.
На гостите од Ансамблот од Скопје на крајот од концертот им беше доделена благодарница и поклон од страна на директорот Мазлам Османи.
По завршувањето на концертот за сите учесници беше организиран коктел вечера во фоајето на Центарот.
https://www.facebook.com/events/941463703570106/
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.262049839503373&type=3