
На 21 Март во малата сала при Центарот за култура ,,Кочо Рацин”-Кичево се одбележа светскиот ден на поезијата со насолов „Лирски поетски бранувања“ со почеток од 18 часот.



Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновија и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности.По повод одбележувањето на овој значаен светски ден на поезијата беа присутни значајни поети-писатели од повеќе градови од земјава кои беа поканети од писателите од нашиот град и организаторите на литературните клубови од училиштата ,а воедно и излагање на младите кои ја сакаат поезијата со нивни творби.



Излагањето на писателите со нивните творби оозможија потикнување на помладата генерација како да пишуваат свои песни во кои ќе ја искажуваат внатрешноста на човечиот дух и она што го согледуваат како физичка перцепција на една личност.Воедно како додатен дел беше овозможена инструментална музика во позадина во текот на целиот настан од страна на наши млади уметници каде ќе ја збогати оваа манифестација.Овој настан се документираше со сликање и снимање а дополнително ќе се доделуваа благодарници од страна на нашиот Центар за култура .За благодарност се овозможи коктел- вечера на гостите.

Учесници:
Осврт кон поезијата и фрагменти од пoзнати поети -Оливера Ширговска.
Учесници кои се претставија со две поетски творби:
-Мира Илијоска
-Марија Никодиноска
-Наташа Наумоска
-Викторија Јанкулоски
Со свои кратки музички фрагменти настапија Михаил Тренески и Андреј Стојкоски.
Во вториот дел настапија ученици од ОУ,, Христо Узунов ” -Другово под водство на Ивана Витанска (ментор ).
Со свој избор на поезија настапија и поетите -гости:
Димче Шипинкаровски
Мирко Томоски
https://www.facebook.com/events/5743816912407166/?ref=newsfeed
https://business.facebook.com/latest/posts/published_posts?asset_id=303390253916124