Манифестација по повод „5-ти Мај – ден на македонската азбука“

На 5ти Мај со почеток од 20 часот во големата сала при НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево се одржа манифестација по повод ден на македонската азбука.

5ти Мај ден на Македонската азбука, ден кој е значаен за нашата азбука и јазик.Овој значаен ден беше одбележен со голем настан- манифестација во нашиот центар за култура.

Манифестацијата беше организирана (осмислена) така што се долови времето од создавањето на азбуката од страна на великаните.Се читаше поезија од добро познатите писатели,се воведе драматургија со искажување на делови како да се сака негува почитува и практикува азбуката а воедно и македонскиот јазик.Оваа манифестација беше збогатена со учеството на средошколците од општинското средно училиште “Мирко Милески” од Кичево со нивниот оркестар, како и КУД “Рацин” со оркестарот Рацин, и литературниот клуб „КиТка“ кои се дел од Центарот за култура.Овој настан беше поддржан од страна на Министерството за култура .

Со посетеноста се докажа дека се почитува овој значаен ден.

https://fb.me/e/1eJEth6KG

https://www.facebook.com/media/set?vanity=303390253916124&set=a.1035994017322407

https://fb.watch/cW6q3Z8yIv/

https://fb.watch/cW6t_yeY0y/

https://fb.watch/cW6xHZgRw1/

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.