
На 26 Јануари во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа промоција на целокупното творештво на писателот Ванѓелко Лозаноски.
Овој настан беше во чест на еден наш роднокраен писател кој скоро целиот свој живот го има посветено во пишување покрај своите обврски.
Ванѓелко Лозаноски е роден во с.Белица-Кичевско.Завршил В.П.Академија во Скопје група историја и географија.Дипломирал на универзитетот на Св.Кирил и Методиј во Скопје на филозофскиот факултет –група македонски јазик и литература.Поетски дела-стихозбирките „Орхидеја“, „ Молика“,„ Одблесоци на љубовта и мудроста“,„ Поемата Пехар за воинот на мислата и зборот-посветена на Крсте П.Мисирков“.„Драмите Гоце Делчев Завет за родната Македонија“и уште многу други дела.На самиот настан се промовираа само дел од неговите дела каде застапеност зеде наш писател Оливера Ширгоска и во негово име писателка го реализираше овој настан бидејќи писателот не беше присутен поради оправдани причини.Според неа во сите негови книжевни дела преовладува патриотскиот духкој е идејна водилка во неговиот богат книжевен дел.Промовирањето на творештвото на овој писател беше опфатено скоро целосно и доловоено дел од неговите дела.Настанот заврши со еден скромен коктел каде присутните му посакаа и понатаму да твори за љубителите на пишаниот збор.
https://www.facebook.com/media/set?vanity=303390253916124&set=a.971891100399366
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/328317459208333
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/274971598064681
https://www.facebook.com/979917618742033/videos/292560506091673