
Изложбата насловена DIDYMUS (Близнакот) е втор самостоен проект на авторката. Проектот е инспириран од дваесет и втората изрека во Житието по Тома (еврејски. תאומא; грчки. Διδυμος, Томас или Близнакот)
“… Јасу им рече : „Кога ќе направите од двете едно, кога ќе направите внатрешното да е како надворешното и надворешното како внатрешното, горното како долното и кога ќе биде машкото и женското едно, така што машкото нема да е машко, ниту пак женското да е женско, кога двете очи ќе гледаат едно и двете раце ќе бидат како една, двете нозе како една, сликата на едно место да биде самата слика, тогаш ќе влезете (во царството)”.

