
Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево на 19 Октомври се одржа целовечерен концерт на универзитетскиот ансамбл „Македонија“ од Штип со почеток од 19:30час.
Ансамблот МАКЕДОНИЈА претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
ПРОГРАМА:
1. АЈДЕ ЗАЈДИ ЗАЈДИ – соборски ора и песни од етничкиот предел Овче Поле
2. СИТНА ЛИСА – оркестарска изведба
3. МАЛЕШЕВКА – оркестарска изведба
4. ОГРАЖДЕН – соборски ора и песни од етничкиот предел Огражден
5. ЈАНИНО – оркестарска изведба
6. ЕДИНАЕСТОРКА – оркестарска изведба
7. КИТЧЕ МИ ПАДНА – соборски ора и песни од етничкиот предел Источен дел на Славиште
8. ЧАНГУЛОВО – машко соборско оро од етничкиот предел Малешево
9. ШЕТНАЛА СЕ ЈАНА – соборски ора и песни од етничкиот предел Пијанец.