
На 23.08.2022 со почеток од 19 час во малата сала при НУЦК ,,Кочо Рацин ” Кичево се одржа промоција на стихозбирката на поетот и писател Мебрух Миртоски.
Гостин на промоцијата а воедно и рецезент кој ја презентираше книгата беше Муртеза Сулооџа од издавачката куќа Јени Балкан од Скопје. Стихозбирката е издадена на македонски и турски јазик.



Мебрух Миртоски роден на 21 Март 1992 во Кичево е современ македонски поет и писател, кој покрај на македонски јазик твори и на својот мајчин односно турски јазик. Автор е на стихозбирката “Јазлите на љубовта“ издадена од страна на центарот за култура Кочо Рацин во Кичево, како и на романот “Двете лица на светот“ на турски јазик издаден од издавачката куќа Јени Балкан, кој свое издание доживеа и во Р.Труција под покровителство на издавачката куќа Бенѓу во Анкара. Добитник е на неколку награди за поезија и проза. Своето образование го започнува во своето родно село Лисичани, а потоа гимназија во гимназијата Мирко Милески во Кичево како и високо образование на правниот факултет св.Климент Охридски“ исто така во Кичево. Неговите први творби датираат уште од негова рана возраст, односно од своите училични денови во основното училиште во Лисичани. Пишувањето и творењето покрај своја најголема љубов го смета и за еден вид начин на живеење преку кој се претставува пред општеството.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1119713525617122&type=3