
На 5 Мај со почеток од 19 часот во големата сала при НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево се одбележа денот на македонската азбука и македонскиот јазик.
Овој проект беше поддржан од страна на Министерство за култура и туризам, во организација на НУЦК „Кочо Рацин“ и во соработка со ОСУ „Мирко Милески“.
Во рамки на програмата имавме можност да проследиме драмска изведба инспирирана од развојот на нашиот јазик, која на уметнички начин ја доловува неговата сила и значење.
Ученици од ОСУ „Мирко Милески“ читаа избрана поезија, пренесувајќи емоции, мисли и пораки преку убавината на пишаниот збор.
Настанот беше збогатен и со музички точки кои придонесоја за пријатна и свечена атмосфера.
Македонски јазик e јужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија.
Спаѓа во групата на јужнословенски јазици, а го зборуваат околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Австралија, САД, Канада и други земји.
Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Македонија.
Денес прославуваме точно 81 години од усвојувањето на македонската азбука. 5 мај 1945 година е денот кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130 седница на Владата, одржана на 16 април 2019 година.
Македонската азбука е заснована на кирилицата со мали адаптирања согласно фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката брои 31 буква и е заснована на преродбеничката азбука на Крсте Петков Мисирков.
Неколку од карактеристичнитe особини на македонскиот јазик се неупотребата на падежи, третосложното акцентирање, двојниот предмет, минато идно време, како и буквата Ѕ по која македонскиот јазик се издвојува од останатите јазици.
Повеќе од седум децении македонскиот јазик е признаен член на светското јазично семејство, на чие истражување работат не само македонските туку и голем број познати странски научници.
Македонскиот јазик е јазикот на кој твореле Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин и останатите македонски книжевни великани.
Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет.
Да си го чуваме и негуваме, бидејќи како што рекол Блаже Конески:
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. „Како куќа, како дом, како огниште.“
https://www.facebook.com/media/set?vanity=100070950774337&set=a.989892606719089