
На 17 Мај во големата сала од НУЦК „Кочо Рацин“- Кичево се одржа концерт на Бесарта Муртезани и ансамбл Дарданус со почеток од 19час.
Проект поддржан од Министерството за култура и туризам и во организација на НУЦК „Кочо Рацин“- Кичево.
Специјална програма со стари арберешки, матијански и пологуски песни, донесени на сцената преку интерпретацијата на сопранистката Бесарта Муртезани и автентичните звуци на Ансамблот ДАРДАНУС, со уметнички разработки што го зачувуваат духот и богатството на албанската традиција.
Учесници: • Бесарта Муртезани – Сопран
• Вулнет Незири – Обоа, Флејта
• Арбер Тахири – виолина
• Ѕлза Бафтири – Виола
• Енис Аљи – Виолончело
• Јетмир Мехмеди – Гитара, Мандолина
• Шкелќим Јахи – Хармоника
• Шкелзен Бафтијари – Пијано
Аранжмани: Вулнет Незири, Валтон Беќири, Едон Рамадани и Илбер Арсланај.
https://www.facebook.com/media/set?vanity=100070950774337&set=a.1000648892310127