
На 6 Јуни во малата сала од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа промоција на стихозбирката ,,Кичевските сенки” од Драган Божиноски со почеток од 19час.
Книгата ,,Кичевските сенки” е стихозбирка каде што авторот Драган Божиноски, му подарува на на македонскиот читател 72 песни, песни излеани од срцето на кичевската душа, која и во тишината знае да крикне со гласот на поетот и да ги потсети сите љубители на пишаниот стих на старите вредности на човекот, на градот Кичево,на дружбата како најчовечка социјална димензија, што денес за жал е запретана некаде во спомените.
https://www.facebook.com/media/set?vanity=100070950774337&set=a.1019600090415007