Изложба „Бои на соништата“

На 8 Јуни со почеток од 18 часот, во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа изложба „Бои на соништата“, која претставува посебно патување во креативниот свет на децата, каде што имагинацијата, емоциите и соништата оживуваат преку боите и уметноста.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“.

Оваа изложба ги претстави делата на учениците изработени во акрилна техника на платно, со различни теми што го одразуваат уникатниот начин на кој тие го гледаат и доживуваат светот. Секоја слика беше посебна приказна, прозорец во нивните мисли, чувства и искрени визии.

Преку уметноста, учениците ја изразија својата креативност, емоции и пораки, поканувајќи нè да ја видиме реалноста низ очите на детето – со љубопитност, духовна чистота и безгранична имагинација.

https://fb.me/e/6GjWzyTS5

https://www.facebook.com/media/set?vanity=100070950774337&set=a.1020420723666277

You may also like...