Концерт на албански песни и ора

Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево организираше предновогодишен концерт со албански народни песни и ора.
На овој величествен концерт настапија младите уметници од албанската школа за народни игри при Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево со кореографија подготвена од Џенета Зенели и Авни Зенели.
Како специјален гостин беше Ансамблот на песни и игри „Емин Дураку“ - Скопје.
Со песни настапија младите таленти:
Исра Елмази, Анила Махмуди, Сидорела Лутфиу, Рејана Дервиши, Афије Адеми, Сара Рамку и Елмир Бегзати, имаше и настап со кавал во изведба на Матијана Лимани и Алтин Рамадани.

You may also like...