Вечер на стиховите и талентираните уметници „Во вителот на антитезата“

На 21 Септември со почеток во 19:30 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево се репризираше претставата Вечер на стиховите и талентираните уметници „Во вителот на антитезата“ проект кој имаше премиера во април оваа година и беше финансиран преку годишна програма на Министерство за култура. Овој проект се реализираше во соработка со ООУ „Санде Штерјоски“ со текст на Ќамил Алиу и режија Рахим Рамадани.

Текстот на претставата го отсликува она што се случува во секојдневието, расеаноста, неодговорноста како и невоздржаноста, експлозивноста и провокативните темпераменти на учениците и младите воопшто. Со еден збор во оваа претстава има се комични, иронични но и хаотични сцени. И тука лежи контрастот на интригата на претставата. Овие ликови се оние кои треба да произведат сериозен производ за презентација, задача која име е дадена како проект во училиште но која се задолжени сите како група да ја изработат.
Во улогите играат учениците од ООУ „САНДЕ ШТЕРЈОСКИ“ Кичево:
Бесиан Ахмеди, Ериса Лимкоска, Антиан Емини, Албион Селими, Амирах Ферати, Индрит Идризи, Арбијас Емини, Фрон Коца, Јона Мехмеди, Бора Мехмеди, Бленда Ќерими, Ендрита Емини Ерина Селими, Сара Реџепи, Верон Дервиши, Блерина Зендели, Фатмир Сула, Ерјона Душку, Лиријан Дервиши и Арома Кадриу.

https://fb.me/e/deQFGSBYs

You may also like...