
На 9 декември со почеток од 18:30 часот во големата сала при НУЦК „Кочо Рацин“, Кичево се одржа премиерата на претставата „Господин Колперт“ во режија на Михајло Петревски.
Проект поддржан од Министерството за култура и туризам.
Возбудлива, динамична и хумористино-напрегната претстава по текст на Давид Гизелман – „Господин Колперт“. Вечер исполнета со изненадувања, неочекувани пресврти и силни емоции.
Оваа театарска претстава, во изведба на актерите од НУЦК „Кочо Рацин“, не вовлече во приказна која истовремено забавува, шокира и остава простор за размислување. Современа и уникатна приказна со одлична актерска екипа.
Улоги:
Ирена Мирчески – Едит
Ристе Ѓорѓиевски – Бастијан
Симона Стефановска – Сара
Михајло Петревски – Ралф
Владо Ристески – Ринде – Руди
Режија: Михајло Петревски
Музика и дизајн: Матео Петревски
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.880456514329366&type=3