
На 13 Јуни со почеток од 18 часот во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа изложбата со наслов „Циклус 19 “ на Христина Зафировска.



Академската сликарка Христина Зафировска, преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување.
Нејзиниот концентриран фокус покажува кон спремност за експериментирање со нови фантастични облици, кои ќе бидат пандан на фигуративната структура на вирусот кој прерасна во реална закана врз човештвото во 21 век.


https://www.facebook.com/media/set/?set=a.489096343465387&type=3