
На 7 Септември во малата сала при НУЦК „Кочо Рацин“ се одржа настан по повод светскиот ден на писменоста со почеток од 18 часот.
Меѓународниот ден на писменоста е иницијатива на УНЕСКО установена во далечната 1967 година, чија цел е секоја година на 8 септември да ја потсети меѓународната заедница на статусот на писменоста и образованието на возрасните на глобално ниво.






Писменоста е еден од клучните елементи потребни за постигнвуање одржлив развој, бидејќи им овозможува на луѓето полесно да донесуваат вистински одлуки кои ќе доведат до економски и општествен напредок. Писменоста е основа за учење во текот на целиот живот и има важна улога во создавањето и зачувувањето на просперитетот и мирот во општествата.
Според податоците на УНЕСКО и другите меѓународни организации, како OECD, од вкупниот број неписмени луѓе во светот (околу 775 милиони луѓе), две третини се жени, а 113 милиони се деца.Во денешно време, поимот писменост повеќе не е врзан само со способноста за читање и пишување, туку ги опфаќа сите сфери на животот и означува способност за пронаоѓање, разбирање и користење информации со цел подобар личен напредок во образованието, здравјето, работата, културниот и општествениот живот.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.337190795322610&type=3