На 11 Април 2022ч. во големата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин “ – Кичево со почеток од 20 часот се одржа театарската претстава „ЧЕКАЈЌИ ГО МИНИСТЕРОТ“ – хит комедија со актерската ѕвезда Лидија Вукичевиќ, актерот и стенд-ап комичар Семир Гигиќ од Србија и актерот Сашо Ристовски.
Автор и режисер : Семир Гичиќ
Играат: Лидија Вукичевиќ , Семир Гичиќ и Сашо Ристовски
Дејството се случува во една руинира кафана,која добива нов сопственик.Сопственикот се соочува со проблеми со старата келнерка, пеачка и танчерка околу неговата замисла.Тој ангажира дизајнер кој треба да ја уреди кафаната,бидејќи се најавува доаѓањето на министерот од владата.
За претставата имаше голема заинтересираност а задоволството на публиката беше искажано со громогласни аплаузи.
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.1018515845736891