Кинопроекција на филмот „Студен Ноември“

Во Центарот за култура беше прикажан премиерно филмот „Студен Ноември“, филм кој е добитник на повеќе меѓународни награди, меѓу кои и наградата што ја доделува Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа за потврдување на високите уметнички вредности на филмот. Премиерата на филмот покажа многу голем интерес кај кичевската публика.

Филмот ја раскажува приказната за 90-тите години што му претходеа на она што се случи подоцна и донесе независност на Косово.
Овој филм носи семејна приказна базирана на вистински настани, во турбулентно време кога не може да се каже дека сме живееле, туку само сме постоеле.
Фадил кој живее во Приштина во раните 90-ти, има сопруга, две деца, татко и приказна која ви ја буди љубопитноста!
Филмот „Студен ноември“ е продукција на филмските куќи „Палци горе“ и „Леб“ во копродукција со Албаски филм, Аудиохаус и Икон.
Филмот е поддржан од Кинематографскиот центар на Косово и Националниот кинематографски центар на Албанија.
Главните улоги ги толкуваат актерите: Куштрим Хоџа, Фатмир Спахиу Буфи, Адријана Матоши, Емир Хаџихафизбегови., Гордана Бобан, Меј-Линда Косумовиќ и Лум Весели. Сценариото го напишаа Аријан Красниќи и Исмет Сијарина. Директор на фотографија: Севдије Кастрати. Уредник: Владимир Павловски; музика: Ерихон; продуцент: Фатмир Спахиу. Режија: Исмет Сијарина.

https://fb.me/e/2hv0J0YHv

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.