Изложба „Садхана“ – Милко Нестороски

На 4ти Декември во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа изложбата „Садхана“ на Милко Нестороски со почеток од 18:00 часот.
Изложбата се одржа според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19. Носењето маска и држењето физичка дистанца беше задолжително.
Ликовниот уметник Милко Нестороски роден е во Струга 1994 год, каде има завршено основно и средно образование (гимназија). Во 2013 започнува студии на ФЛУ, отсек Сликарство, во класа на проф. Благоја Маневски, а дипломира во 2018год. Има учествувано на годишните изложби во Струга од 2014 до 2019, две самостојни во Струга и Скопје, три групни( плус две од конкурсите на АМС), организатор е и учесник на првата Треш-колонија во земјава во склоп на фестивалот ДримОН, 2017, која резултира со изведба на перформанс, а во склоп на истиот учествува и во групна изведба на инсталација во 2019год. Изведувач е и на уште два други перформанси во Скопје.
Која е улогата на уметноста во човечката цивилизација, од каде произлегува потребата од уметност и која е нејзината основна намена или зошто уметност? ни објасни самиот автор на изложбата Милко Нестороски.

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=303390253916124&set=a.716735649248247

https://fb.watch/2io226MysX/

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *