Изложба „Музички орнаменти“ на Емил Солески

Во Центарот за култура “Кочо Рацин” Кичево се одржии изложбата на Емил Солески “Музички орнаменти” кој е роден 1969г. во Прилеп студирал на факултетот за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески .
Работи како ликовен педагог во Крушево, живее во Прилеп.
Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002г.

Самостојни изложби:
2002- „Прогресија “- ЦК „Марко Цепнков“ – Прилеп
2003- „Корија“- Чифте амам-Прилеп
2007- „Птица“- ЦК „Марко Цепнков“ – Прилеп
2010- „Скици“ – Споменик „Илинден“- Крушево
2019- „Музички орнаменти“- ЦК „Марко Цепнков“ – Прилеп
Групни изложби:
2002- студенти на ФЛУ – дом на АРМ -Скопје
2008- Берат- Албанија
2007,2011, 2013, 2015, 2017, 2018- „Скулптури на новото време“ – Куманово, Струмица, Прилеп
Монументална скулптура:
2009- Бисти на народните херои – Могила на непобедените – Прилеп
2012- Пере Тошев,Пеце Атанасовски- Прилеп

КОН НОВАТА ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ОД ЕМИЛ СОЛЕСКИ
Каменот и пламенот како симбол на вечноста ги премостуваат времињата за конечно да сфатиме колку сме мали пред минливоста на мигот во споредба со бесконечниот тек на звукот на каменот и пламенот.
Овојпат Солески се претставува со нова димензија , спој на музиката и каменот, спој на звукот и нескршливоста, преточени во форми кои наликуваат на музички инструменти.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *