Премиера на играниот филм „Врба“ на Милчо Манчевски

Паралелно со премиерата во Скопје и другите градови во Македонија, на 01.11.2019 (Петок) играниот филм „Врба“ на нашиот најпознат режисер Милчо Манчевски, ја имаше премиерата и пред кичевската публика.
„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија.

Фимот е сниман во 2017 два месеца (октомври и ноември) во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје. Филмот е за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.– Секој филм создава свој универзум, свој свет. Мислам дека гледачот го сака филмот ако успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе. Тој свет може да биде реалистичен и денешен, како што е дел од филмот, а може да биде средновековен или од друго минато време. Интересно е да откриваш колку биле различни, а исти луѓето од тоа време и колку тоа што ние го знаеме како историја е, всушност, некоја романтизирана фикција. Тоа е една од убавите придобивки во правењето ваков филм, рече Манчевски, кој меѓу другото, соопшти и дека за „Врба“ го истражувале и консултирале повеќе проучувачи на средниот век – вели режисерот.
Режисерот Милчо Манчевски и дел од екипата на филмот беа задоволни од реакциите на публиката и критиката во Рим, каде што беше прикажан во официјалната селекција, заедно со новите остварувања на холивудски ѕвезди.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *