Концерт за деца “Музика и цртан филм” (гудачки квартет)

Пламенка Трајковска – гудачки квартет оддржи концерт со наслов ,,Музика и цртан филм” во нашиот Центар за култура.

Во цртаните филмови многу често се употребува класичната музика и овој концерт е конципиран како проекција на цртани филмови и изведба на класична музика со гудачки квартет во живо. На концертот се користат современа музичка технологија мултимедијални и анимациски елементи со цел децата да ја почувствуваат класичната музика како блиска и како своја.

Изминатите години Пламенка Трајковска со своите колешки интензивно работи на доближувањето на класичната музика до најмладата публика. Досега реализираа голем број на концерти во училиштата во Скопје и во повеќе домови на културата низ републиката. Минатата година реализираа концерти со наслов ,,Што е тоа гудачки квартет” во камерната сала на Македонската филхармонија.
За концертот ќе биде изработен видео материјал од цртаните филмови во кои се употребува класичната музика.

Ќе биде изведена следната музичка програма:

1. Tales from the Vienna Woods, Op. 325 – Johann Strauss II

2. The Blue Danube – Johann Strauss II

3. Dance of the Comedians from The Bartered Bride – Bedrich Smetana

4. Minute Waltz in D-Flat -Frédéric Chopin

5. Morning, Noon, and Night in Vienna – Franz von Suppé

6. The Barber of Seville Overture – Gioachino Rossini

7. Beethoven’s 7th – Ludwig van Beethoven

8. Johannes Brahms’ – Hungarian Dances

9. The William Tell Overture – Gioachino Rossini

10. Hungarian Rhapsody No. 2 – Franz Liszt

Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска настапуваа и Наташа Диденко на виолина, Илза Балата на виола и Маја Михајловска на виолончело.

Целите и ефектите од концертoт  МУЗИКА И ЦРТАН ФИЛМ произлегуваат од вкупната состојба во музиката кај нас во сверата на концертите за деца.
Во последно време мал е бројот на деца кои имале можност да проследат концерт за деца со класична музика или деца со познавање за класичната музика. Причините се повеќе како немање време на родителите да ги носат децата на концерти, малиот број на концерти за деца,општата музичка култура.
Со концертот децата ќе се запознаат со убавините на класичната музика и ќе се стекнат со основни познавања за однесување на концерт, класични композитори и инструменти и камерна музика.

Концертот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2019 година и од НУЦК “Кочо Рацин” од Кичево.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *